Милан подготви договор за нивниот капитен

Милан не планира да го ослободи стоперот Алесандро Ромањоли.
Раководството на Милан сака да продолжи со добра работа и планира големи работи во иднина, а за тоа ќе треба да задржат некои клучни играчи. Еден од нив е секако Алесио Ромањоли, пишува „Калчомеркато“.
Клубот планира да го продолжи договорот со Ромањоли, чиј тековен договор истекува летото 2022 година. На капитенот на актуелниот лидер на Серија А ќе му биде понудено продолжување на соработката до 2025 година.
Освен Ромањоли, Милан има намера да ги продолжи договорите со Хакан Чалханоглу и Џанлуиџи Донарума, а веќе се шпекулира дека се подготвува договор за Златан Ибрахимовиќ.
Договорот на шведскиот ветеран истекува следното лето, а во Милано сакаат тој да остане следната сезона, односно до летото 2022 година.



