Милан подготвува специјални дресови за својот 120 роденден: Само 1899 ќе бидaт во продажба

Милан ја слави својата 120-годишнина овој месец, а клубот подготви специјални дресови во таа чест.
Милан е основан на 13 декември 1899 година и секако важи за еден од најпознатите клубови во светот. Иако во последните години, клубот се најде во голема криза, најавувајќи дека спремиле многу работи за да го прослават својот 120 роденден.
Спонзорот на Милан, Пума, на официјалната страница денес објави дека се подготвени специјални дресови во кои играчите на оваа екипа ќе играат на натпреварот против Сасуоло, кој е закажан за 15 декември.
Исто така, Пума најави дека во продажба ќе има само 1899 дресово, во знак на годината кога клубот е формиран. Мора да се признае дека дресовите на клубот од „Сан Сиро“ изгледаат навистина прекрасно.
https://www.instagram.com/p/B5kAgB_q2qf/?utm_source=ig_embed



