Милан со леснотија до нова победа, но и прво место

Фудбалерите на Милан вечерва и гостуваа на Салернитана во натпреварот од 16. коло на италијанската Серија А, па очекувано и сосема заслужено славеа со 2:0.
Да беа малку попрецизни играчите на домашната екипа, можеше да биде далеку поубедливо, но на овој начин ќе дојдат до првото место со 38 бодови. Наполи има два бода помалку, што се очекува во дербито со Аталанта вечерва, а доколку домаќинот не слави, Росонерите ќе останат на врвот до следната рунда.
Тренерот Стефано Пиоли реши да го ротира тимот, па наместо Ибрахимовиќ стартуваше младиот Пелегри, но немаше среќа бидејќи рано се повреди.
Стрелци беа Франк Кеси во петтата, а Селемакерс во 18. минута. Вистинско чудо е што не се видени повеќе голови.
Милан ја остави Салернитана закован на дното на табелата со само осум бодови. Црвено-црните сега имаат многу важен натпревар во Лигата на шампионите против Ливерпул на Сан Сиро, а следниот викенд заминуваат во Удинезе.



