SportM
Фудбал

Милер: Левандовски, се гледаме во Минхен!

Д М26 авг 2022
Милер: Левандовски, се гледаме во Минхен!

Томас Милер од Баерн Минхен се огласи на социјалните мрежи за да му се обрати на поранешниот соиграч и нов напаѓач на Барселона, Роберт Левандовски, додека нивните клубови повторно се среќаваат во групната фаза од Лигата на шампионите.

Заедно со Барселона и Баерн, членови на групата Ц ќе бидат Интер и Викторија Плзен. Екипите од „Камп Ноу“ и „Алијанц Арена“ и минатата сезона беа во иста група – Баерн напредуваше со максимални 18 бодови како првопласиран, додека Барселона го зазеде третото место и го продолжи натпреварувањето во Лига Европа.

„Одлична ждрепка за сите љубители на фудбалот! Господине „Леван-гол-ски“, се гледаме наскоро во Минхен. Со нетрпение го чекам почетокот на овогодинешната Лига на шампиони, напиша на својот Инстаграм профил 32-годишниот Милер, кој девет сезони беше соиграч на Лев.

Полскиот репрезентативец летово го напушти Баерн, а Барселона за неговите услуги плати отштета од 45 милиони евра. Баварците не донесоа директна замена во форма на класичен напаѓач, но во клубот пристигна неодамнешниот играч на Ливерпул Садио Мане. По три кола во Бундеслигата, Баерн е на чело на табелата со девет постигнати голови и импресивна гол-разлика 15:1.

Во следното коло ја пречекува Борусија Мехенгладбах – натпреварот на „Алијанц арена“ се игра в сабота со почеток од 18:30 часот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.