SportM
Фудбал

Милер постави рекорд за најмногу одиграни сезони во Баерн

Д М19 авг 2023
Милер постави рекорд за најмногу одиграни сезони во Баерн

Напаѓачот на Баерн, Томас Милер постави рекорд на минхенскиот клуб во германското фудбалско првенство.

 

Триесет и тригодишниот Германец игра во 16 последователни сезони. Тој вчеравечер  влезе како резерва на натпреварот од 1. коло на Бундес лигата против Вердер Бремен.

 

Милер за прв пат играше за Баерн во август 2008 година, кога тренер на тимот беше Јирген Клинсман.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.