Милер пред дербито: Се надевам дека ќе го напуштиме стадионот на Дортмунд со насмевка
Д М25 мај 2020

Големо дерби во Бундеслигата меѓу Борусија Дортмунд и Баерн Минхен ќе се игра утре.
Натпреварот се игра од 18:30 часот, а во моментов Баерн има предност од четири бода во однос на утрешниот ривал. Во случај на победа, тој ќе се доближи до титулата шампион.
Томас Милер е исто така свесен за важноста на натпреварот.
“За нас, ова е одлучувачка недела. Со нетрпение го очекуваме вторникот. Се надевам дека ќе покажеме што нè прави силни и дека ќе го напуштиме стадионот на Дортмунд со насмевка”, рече Милер.
Во последниот дуел помеѓу овие две екипи во ноември минатата година, Баерн славеше на домашен терен со 4:0.
Баерн и Борусија ја отворија сезоната со две победи.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



