Милер: Сега мора да бидеме многу внимателни што ќе зборуваме на натпреварите затоа што сè се слуша

Фудбалерите на Баерн вчера го совладаа Унион Берлин со 2:0 во натпревар од 26. коло на германската Бундес лига.
Бундеслигата продолжи минатиот викенд по двомесечна пауза, а сите натпревари се играат пред празни трибини. Затоа, јасно се слуша комуникација меѓу играчите на теренот, што порано не беше случај заради бучавата од трибините.
Веќе има неколку случаи каде јасно можеше да се слушне она што го велат играчите, а повеќето пцуеја. После вчерашниот натпревар, искусниот играч на Баерн, Томас Мулер изјави дека фудбалерите мора да бидат многу внимателни како се однесуваат.
„Кога сте блиску до голот или корнер знамето, сега заради микрофоните се слуша сè што ќе кажеме. Не е можно тоа пред навивачите и таа атмосфера навистина недостасува. Поради сè што се случува, ние мора да бидеме пример за сите и мора да бидеме внимателни што ќе кажеме затоа што сега сите можеме да нè слушнат јасно“, рече Мулер.
Баерн моментно е прв со четири бода повеќе од второпласираниот Дортмунд. Следниот натпревар Баварците ќе го одиграат в сабота на домашен терен против Ајнтрахт Франкфурт.



