Фудбал
Милевски пред мечот со Казахстан: Нема лесни противници!

Репрезентацијата на Македонија го остави зад себе големото реми со Белгија и веќе гледа кон новиот предизвик. Утревечер на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје гостува селекцијата на Казахстан, а целта е јасна – победа и нови три бода во квалификациите.
Селекторот Благоја Милевски е оптимист и верува дека неговите избраници се подготвени за уште една силна пресметка.
„Ќе биде многу тешко. Казахстан на првиот меч во Астана покажа дека има квалитет. Сега има и нов селектор и нова филозофија, но ние сме подготвени“, изјави Милевски.
Иако зад себе имаат исцрпувачки меч во Гент, стратегот на македонскиот национален тим уверува дека физичката подготвеност на фудбалерите не е проблем.
„Имавме тежок натпревар против Белгија, но сите играчи се подготвени да го дадат максимумот“, додаде селекторот.