Милевски: Против Германија не е доволно да одиграш само едно добро полувреме

Македонија на арената „Тодор Проески“ во Скопје загуби 4:0 од Германија.
Селекторот на Македонија, Благоја Милевски по натпреварот, изјави дека во второто полувреме, сите четири гола беа поради наши грешки.
„Им ја честитам победата на Германија, која е заслужена. Од друга страна од првото полувреме не` можам да бидам незадоволен од нашата игра и транзиција, но не искористивме ниту еден обид, шанса. Во второто полувреме, сите четири гола беа поради наши грешки. Мислам дека момците по првиот гол паднаа физички а можеби и недоволната подготвеност на одредени играчи донесе до индивидуални грешки.Адеми и тоа како важен играч за тимот, важен играч во тактичката поставеност, по неговата замена имавме пет шест минути проблем додека Стефан фати ритам. Против Германија не е доволно да одиграш само едно добро полувреме. Ако сакаш да оствариш позитивен резултат. Тие секоја грешка ја казнуваа. На нас останува да продолжиме на начинот на кој игравме до сега, особено како првото полувреме. Ни остануваат уште два натпревари до крај, благодарност до навивачите и секако ги чекаме во уште поголем број да не бодрат на домашниот натпревар со Исланд.“ изјави Благоја Милевски.
Македонија по овој пораз е на третата позиција со 12 бода, исто колку и Ерменија, додека пред нас е Романија со 13 бода а на врвот е Германија со Убедливи 21 бод.



