Минатосезонскиот финалист Олимпик Марсеј поразен на свој терен

Олимпик Марсеј, минатосезонскиот финалист во Лигата на Европа, на свој терен е поразен од Ајнтрахт Франкфурт во првото коло од најмасовното европско натпреварување. Францускиот тим поради суспензија го одигра овој натпревар пред празни трибини, а тоа им даде шанса на Германците кои максимално ја искористија и дојдоа до триумф од 1:2.
Севиља на свој терен оствари убедлив триуф над Стандард Лиеж со 5:1, додка Бешикташ во Истанбул го совлада Сапсборг со 3:1.
Иако не требаше да има проблеми во дуелот со Дуделанж, сепак, гигантот и еден од најсериозните кандидати за освојување на Лигата на Европа ги имаше. На гостувањето во Луксембург дури во вториот дел со голот на Игуаин успеа да го „скрши“ отпорот и да дојде до стартни три бода.
Немаше македонски дуел на „Максимир“. Аријан Адеми го немаше во составот на Динамо Загреб против Фенербахче за кој играше Елиф Елмас. Динамо го доби мечот со убедливи 4:1.
ЛИГА НА ЕВРОПА, 1. КОЛО, РЕЗУЛТАТИ:
Беледијеспор – Краснодар 0:1
Бешкташ – Сарпсборг 3:1
Динамо Киев – Астана 2:2
Генк – Малме 2:0
Лацио – Аполон 2:1
Олимпик Марсеј – Ајнтрахт Ф. 1:2
Мол Види – Бате 0:2
ПАОК – Челзи 0:1
Рапид В. – Спартак М. 2:0
Рен – Јаблонец 2:1
Севиља – Стандард 4:1
Виљареал – Глазгов Р. 2:2
АЕК Ларнака – Цирих 0:1
Арсенал – Ворскла 4:2
Селтик – Розенборг 1:0
Динамо Загреб – Фенербахче 4:1
Дуделанж – Милан 0:1
Копенхаген – Зенит 1:1
Лудогорец – Баер Леверкузен 2:3
Олимпијакос – Бетис 0:0
Лајпциг – Салцбург 2:3
Славија Прага – Бордо 1:0
Спортинг Лисабон – Карабах 2:0
Спартак Трнава – Андерлехт 1:0
Извор: ТВ21



