SportM
Фудбал

Минимална победа на Баерн против Аугсбург, 32. гол на Левандовски

Д М9 апр 2022
Минимална победа на Баерн против Аугсбург, 32. гол на Левандовски

Фудбалерите на Баерн на домашен терен го совладаа Аугсбург во натпреварот од 29.коло во Бундес лигата. Резултатот беше 1:0.

Стрелец на единствениот гол во Минхен беше Роберт Левандовски. Тој беше прецизен од белата точка во 82. минута, а тоа беше негов 32. гол сезонава, а 23. гол на дуелите со Аугсбург. Само против Волфсбург даде повеќе – 24.

Рис Оксфрод играше со рака во шеснаесетникот, а по консултација со ВАР технологијата, судијата Патрик Итрич покажа на белата точка.

Баерн е лидер со 69 бодови, девет повеќе од Борусија Дортмунд. До крајот на првенството остануваат уште пет кола, а титулата би можел да ја прослави со победа во 31. коло против Дортмунд.

Аугзбург е 14-ти со 32 бода.

Во следното коло Баерн ја пречекува Арминија, додека Аугсбург ја пречекува Херта.

Келн на домашен терен го победи Мајнц со 3:2.

Во 14. минута Буркат му донесе предност на Мајнц, а Онисиво во 55. минута зголеми на 2:0. Скири во 60. минута намали на 2:0, а потоа Љубичиќ погоди за израмнување 18 минути подоцна. Килијан ги постави конечните 3:2 и му донесе три бода на Келн, кој е на седмата позиција со 43 бода.

Мајнц е 10-ти со 38 бодови.

Борусија Менхенгладбах беше подобра од Гројтер Фирт со 2:0 на гости. Прашањето на победникот го решија Турам во 18. и Плеа во 24. минута.

Волфсбург ја декласираше Арминија пред домашните навивачи со 4:0. Двоен стрелец беше Лукас Нмека, кој погоди во 11. и 38. минута, а потоа Арнолд и Крузе ја завршија работата на почетокот на вториот дел.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.