SportM
Фудбал

Минимална победа за Лацио

Д М20 фев 2021
Минимална победа за Лацио

Лацио денес беше домаќин на Сампдорија во рамките на 23. коло од италијанската Серија А и славеше со минимални 1:0.

До поразот од Интер, Лацио беше во одлична серија победи, а денес се врати на тие патеки, откако на Олимпико ја победи десеттопласираната Сампдорија со 1-0.

Голот на одлуката го постигна Луис Алберто, кој во 24-та минута на асистенција на Сергеј Милинковиќ-Савиќ ги постави конечните 1:0.

Иако се гледаше напаѓачка игра, имаше многу шанси, на крајот само еден гол, но сосема доволно за небесно-сините да стигнат до 13. победа и да седнат на четвртото место со 43 бода.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.