„Минутажата на Кутињо и Фати зависи само од една работа“

Фудбалскиот тренер на Барселона, Роналд Куман, по победата на неговиот тим над Валенсија (3:1), рече дека секогаш верувал во често спорниот Филип Кутињо, кој беше стрелец на третиот гол во 85. минута.
„Задоволен сум од играта на мојот тим. Кога Кутињо влезе во игра, тој беше навистина добар. Со неговата слобода, можевме подобро да ја контролираме играта. Знае да постигнува голови , рече Куман, а потоа додаде:
„Тој направи важен чекор бидејќи јас секогаш верував во него. Јасно е дека тој станува се подобар и подобар физички“.
Слична е ситуацијата и со стрелецот на првиот гол, Фати, кој имаше мала минутажа поради повреди.
„Ситуацијата е идентична со него. Дали и двајцата ќе добијат повеќе минути, зависи исклучиво од формата во која ќе бидат. Не станува збор за квалитет, што никогаш не сум го довел во прашање“, рече Куман.



