Фудбал
Миовски и Глазгов Ренџерс елиминирани од Лига Европа (ВИДЕО)
Со одигрувањето на синоќешните 18 натпревари од осмото коло Лига Европа заврши групната фаза од ова натпреварување. Глазгов Ренџерс на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски загуби на гостувањето кај Порто со 3:1 и не се пласираше во следната фаза (го освои 32.место). Миовски во игра влезе во 58-та минута.
Од регионот три екипи изборија учество во 1/16 финалето: Црвена Звезда, Лудогорец и Динамо Загреб.
Според пласманот осумте првопласирани екипи изборија директно осминафинале, а тоа се: Олимпик Лион, Астон Вила, Митјиланд, Бетис, Порто, Брага, Фрајбург и Рома. Една рунда повеќе или 1/16 финале изборија: Генк, Болоња, Штутгарт, Феенорд, Нотингем Форест, Викторија Плзен, Црвена Звезда, Селта, ПАОК, Лил, Фенербахче, Панатинаикос, Селтик, Лудогорец, Динамо Загреб и Бран.
Извлекувањето на двојките ќе се одржи денеска во Нион со почеток во 13 часот.