SportM
Фудбал

„Мислам дека Мане ќе замине во Мадрид“

Д М24 мар 2020
„Мислам дека Мане ќе замине во Мадрид“

Сисоко смета дека Мане е тип на играч што го бара Зидан

Мохамед Сисоко, поранешниот играч на Валенсија, Ливерпул, Јувентус… – даде интервју за „EuropaCalcio.it“.

Исто така, тој беше прашан за иднината на Мохамед Салах и Садио Мане, напаѓачко дуо на Ливерпул, кој можеби нема да играат заедно од сезоната 2020/21.

На прашањето дали Салах може да замине во Мадрид, Сисоку одговори: „Не, јас повеќе го гледам Садио Манен (во Мадрид), затоа што тој ги има карактеристиките што ги сака Зидан, тој многу го цени. Мислам дека Садио Мане ќе замине во Реал Мадрид “, изјави Сисоко.

Мане е дел од Ливерпул од 2016 година.

Тој има направено 161 настап со Ливерпул, постигна 77 голови и освои три трофеи: ЛШ, Европски Супер куп и Светски куп на клубот.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.