Кошарка
Митрашиновиќ прва асистентка во квалификациите
Капитенот на македонската женска кошаркарска репрезентација, Анџелика Митрашиновиќ е лидер на асистентите во првиот дел од првата фаза на евро-квалификациите.
Митрашиновиќ оствари 29 успешни додавања на овие први три натпревари, односно има просек од 9,7 асистенции по меч, што е најдобар скор во однос на нејзините конкурентки како Клара Холм од Шведска, која има 8,5 односно Сигрид Козар од Австрија која има 8 успешни додавања.
Исто така, нашата најдобра кошаркарка, просечно, има и најголем број на одиграни минути – 37,8. Одигра вкупно 113 минути.
Анџелика засега, е шеста на листата на најкорисни играчи, со просечни 20,7 индексни поени. Таа е една од неколкуте кошаркарки кои остварија по два двојни ефекти (поени и асистенции), на листата на која прва е Израелката Даниел Рабер која има максимални – три.