Фудбал
Младиот голман хит на социјалните мрежи по мечот со Реал, но поради неговата мајка (ФОТО)

Навивачите ширум Европа останаа во шок откако открија која е мајката на голманот на казахстанскиот Кајрат, 18-годишниот Шерхан Калмурза, кој се најде во центарот на вниманието по натпреварот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.
Иако неговиот тим беше поразен со резултат 5:0, а Килијан Мбапе постигна хет-трик, Калмурза го покажа својот талент, кој ги воодушеви многумина.
Меѓутоа, денови подоцна, Шерхан повторно е во фокусот на јавноста – но овојпат поради неговата мајка.
Неговата мајка, Сауле Рабаева, предизвика вистинска лавина реакции на социјалните мрежи, откако му упати емотивна порака со поддршка.
„Ти си најдобар, сине мој! Ти си мојата гордост. Направи сè што можеше. За мене ти си најсилниот. Големи височини те очекуваат. Не се откажувај. Со тебе сум и секогаш верувам во тебе“, напиша таа.
Но, наместо фокусот да биде само на пораката, многумина беа изненадени од нејзиниот младолик изглед.
„Чекај, тоа му е МАЈКА?! Изгледа како да му е сестра“, напиша еден корисник, додека друг додаде:
„Нема шанси таа да му е мајка. Делува како да има 25 години.“
Рабаева брзо стана вирална, а на Инстаграм ја следат речиси 40.000 луѓе. Во казахстанските медиуми веќе ја нарекуваат инфлуенсерка, а многумина предвидуваат дека наскоро ќе стане вистинска регионална ѕвезда.