SportM
Фудбал

Многумина го „праќаат“ Модриќ во пензија, а тој во една реченица ги реши сите дилеми

Д М18 јан 2022
Многумина го „праќаат“ Модриќ во пензија, а тој во една реченица ги реши сите дилеми

Лука Модриќ одигра одличен натпревар во финалето на шпанскиот Суперкуп во кој Реал Мадрид стигна до нов трофеј.

Реал Мадрид во финалниот натпревар го победи Атлетик Билбао со 2-0, а Модриќ го постигна првиот гол за кралскиот клуб.

На крајот од натпреварот Модриќ сосема заслужено беше прогласен за најдобар играч на играта и покажа дека се уште игра на фантастично ниво иако веќе има 36 години.

Во претходните недели многу се пишуваше за тоа дали Модриќ треба да ја заврши кариерата на крајот од сезоната и да се пензионира, но се чини дека хрватскиот репрезентативец се уште воопшто не размислува за тоа.

Модриќ на Твитер објави фотографија од финалниот натпревар од Суперкупот на Шпанија, а очигледно на сите им стави до знаење дека се уште нема врска со пензија.

„Секој ден се повеќе уживам во играњето фудбал“, изјави Модриќ, а навивачите на Реал Мадрид во своите коментари до Флорентино Перез јасно порачаа дека мора да му даде нов договор на овој играч од средниот ред.

Модриќ има договор со Реал до крајот на оваа сезона, но се очекува наскоро да ја продолжи соработката на уште една година.

Досега оваа сезона Модриќ одигра 22 натпревари во сите натпреварувања, постигна еден гол и додаде уште пет асистенции.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.