SportM
Фудбал

Модриќ им честиташе на соиграчите за нивниот нов успех во соблекувалната, а еден посебно го прегрна и бакна (ВИДЕО)

Д М13 апр 2022
Модриќ им честиташе на соиграчите за нивниот нов успех во соблекувалната, а еден посебно го прегрна и бакна (ВИДЕО)

Лука Модриќ синоќа повторно го воодушеви фудбалскиот свет со својата маестрална партија против Челзи.

Реал Мадрид беше поразен во фантастичен натпревар на Сантијаго Бернабеу по продолженијата против Челзи со 3:2, но успеа да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите бидејќи на првиот натпревар беше 3:1 за Реал.

Многумина на крајот од натпреварот мислеа дека се е готово и дека Челзи е веќе во полуфиналето, но тогаш на сцена стапи неверојатниот Модриќ кој асистираше голот на кралскиот клуб за 3:1.

Модриќ со фантастична асистенција го проигра Родриг, кој погоди за 3:1 и го одведе натпреварот во продолжение. Реал стигна до 3:2 на почетокот на првото продолжение, а на крајот се пласираше понатаму.

Фудбалскиот свет беше воодушевен од играта на Модриќ на синоќешниот натпревар, а тој покажа дека и на 36 години доминира на средината на теренот.

По натпреварот Модриќ беше во центарот на вниманието и во соблекувалната. Тој се поздрави со соиграчите, а особено застана кај Федерико Валверде, кого го прегрна и бакна и му кажа дека одиграл маестрален натпревар.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.