SportM
Фудбал

Модриќ ќе ја предводи Хрватска на Мундијалот: Далиќ го објави конечниот список

Редакција2 јун 2026
Модриќ ќе ја предводи Хрватска на Мундијалот: Далиќ го објави конечниот список

Искуството и младоста во лов на нов медал

Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација, Златко Далиќ, го објави конечниот список на фудбалери за претстојното Светско првенство. Очекувано, Далиќ се одлучи за проверени сили, без поголеми изненадувања во однос на поширокиот состав кој беше претходно најавен.

Хрватска на овој Мундијал патува во својот најсилен состав, потпирајќи се на играчите кои го изнесоа товарот во квалификацискиот циклус. Тимот повторно ќе биде предводен од легендарниот капитен Лука Модриќ, за кого ова е уште еден во низата големи турнири. Покрај него, клучните улоги се резервирани за Јошко Гвардиол, Матео Ковачиќ, Иван Перишиќ и Андреј Крамариќ.

Амбиции и противници

По среброто во 2018 и бронзата во 2022 година, „Коцкестите“ пристигнуваат со високи амбиции за продолжување на низата успеси. Хрватска е сместена во Групата Л, каде за противници во првата фаза ќе ги има репрезентациите на Англија, Гана и Панама.

Конечниот состав на Хрватска:

  • Голмани: Доминик Ливаковиќ, Доминик Котарски, Ивор Пандур.
  • Одбрана: Јошко Гвардиол, Дује Ќалета-Цар, Јосип Шутало, Јосип Станишиќ, Марин Понграчиќ, Кристијан Јакиќ, Мартин Ерлиќ, Лука Вушковиќ.
  • Среден ред: Лука Модриќ, Матео Ковачиќ, Марио Пашалиќ, Никола Влашиќ, Лука Сучиќ, Мартин Батурина, Петар Сучиќ, Никола Моро, Тони Фрук.
  • Напад: Иван Перишиќ, Андреј Крамариќ, Анте Будимир, Марко Пашалиќ, Петар Муса, Игор Мартиновиќ.
Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.