Фудбал
Модриќ на 39 години го крена првиот пехар во дресот на Хрватска

Легендарниот Лука Модриќ на 39 години и во својот 174. натпревар конечно успеа да го освои трофејот со хрватската репрезентација.
Па, зборуваме за првото издание на пријателскиот и не претерано важен и силен „АКУД куп“ во Египет, но Лука конечно го крена пехарот и со Хрватска, во натпреварување кое официјално е на ФИФА.
Рекордерот по бројот на настапи за Хрватска ги освои сите трофеи што можеше да ги освои со Реал.
Со Хрватска не успеа до синоќа, а загуби две големи финалиња. Во последните пет години ги загуби финалето на СП во Русија и Лигата на нации, бронзата ја освои и на Мундијалот во Катар, а синоќа го крена пехарот во Каиро.
Дотогаш Модриќ со одличен настап во финалето против домаќините ја водеше Хрватска. Играше само еден час, но постави два гола за победа од 4:2. Пред тоа Модриќ настапи и на првиот натпревар во кој Хрватска на пенали го победи Тунис со 5:4.
Модриќ ќе ја предводи Хрватска на ЕУРОво Германија кое започнува на 14 јуни. Тоа ќе биде последното големо натпреварување во неговата кариера и последна шанса да земе голем трофеј. Сепак, Хрватска е далеку од кругот на најголемите фаворити за освојување на Европското првенство.