SportM
Фудбал

Модриќ: Не сум опседнат со лични награди

Д М12 сеп 2018
Модриќ: Не сум опседнат со лични награди

Хрватскиот репрезентативец и член на Реал Мадрид, Лука Модриќ, рече дека не придава големо значење на индивидуалните награди.

Тој се смета за фаворит во борбата за титулата за најдобриот играч на годината од ФИФА. Конкурентите на Модриќ ќе бидат Кристијано Роналдо и Мохамед Салах.

– За мене колективното е поважно од индивидуалното. Не сум опседнат со освојување лични награди. Ако некој друг победи, се ќе биде во ред. Јас нема да бидам вознемирен, изјави Модриќ.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.