Модриќ со еден потег утрово шокираше млад навивач од Англија (ФОТО)

Синоќа Лука Модриќ одлично се снајде на мечот помеѓу Шкотска и Хрватска, и ја однесе својата репрезентација во осминафиналето на Европското првенство.
Хрватска синоќа славеше на „Хампден парк“ со 3:1 и успеа да се пласира во нокаут фазата од втората позиција во групата.
Во Глазгов блескаше Лука Модриќ и ја реши играта во второто полувреме. Модриќ најпрво постигна прекрасен погодок за 2:1, а потоа му асистираше на Перишиќ за конечни 3:1.
По натпреварот, Модриќ стана главна тема на социјалните мрежи бидејќи фудбалската јавност беше воодушевена од неговата игра против Шкотска.
Искусниот играч за врска доби голем број пофалби на социјалните мрежи, но еден од нив се најде во центарот на вниманието.
Имено, по натпреварот се огласи навивач на Тотенхем по име Ханека и објави одлична фотографија на Твитер. Таа беше со Модриќ на теренот пред повеќе од десет години, додека тој играше за Тотенхем
Ханека беше меѓу децата кои имат можност да излезат на терен со играчите, а таа го држеше за рака Модриќ. Таа ја објави фотографијата на Твитер и немаше идеја што ќе се случи.
„Јас и победникот на Златната топка“, напиша таа, и многу корисници обележаа коментари од Модриќ, кој го виде нејзиниот пост и реши да го сподели на Твитер.
🥰🤝
— Luka Modrić (@lukamodric10) June 23, 2021
Откако Ханека виде дека Модриќ ја сподели објавата, не можеше да поверува дека се случило.
„WTF воопшто не знам што да кажам, благодарам на сите што го означија, воопшто не ми беше тоа намерата, но ова е неверојатно“, додаде таа.
Wtf I don’t even know what to say, thank you so much to everyone who tagged him, this wasn’t even my intention but wth THIS IS AMAZING https://t.co/eDVfXXC63d
— Haneeka (@Haneeka_) June 23, 2021



