Модриќ со пофалби до Рамос: Тој е најдобриот дефанзивец во светот и лидер на Реал

Хрватскиот репрезентативец и играч на Реал Мадрид, Лука Модриќ, го пофали својот соиграч Рамос, фелејки дека тој е најдобриот дефанзивец во светот.
„Рамос беше импресивен оваа сезона со 13 гола. Слободниот удар против Мајорка беше ремек-дело. Мојот брат Серхио е феномен. И ова не го велам затоа што во текот на осум години развивме посебен однос, сме пријатели на семејството, заедно ги поминуваме празниците или затоа што заедно постигнавме голем успех во фудбалот“, рече Модриќ
Рамос е 34 години и е конкурентен на највисоко ниво. Кога ќе видите како тој работи на себе, станува очигледно колку е посветен на својата работа, колку е гладен за успех.
Тој е лидер на тимот и најдобар дефанзивец во светот. Неговата кариера кажува сè за неговото ниво, рече Модриќ.



