Поврзи се со нас

Фудбал

Мохамед Салах останува позитивен на коронавирус

Салах се зарази на венчавката на неговиот брат, на која присуствуваа над 800 гости, а многумина се изненадени што играчот на Ливерпул реши да оди на свадба на која ризикот од инфекција беше многу голем.

Тој е во изолација веќе седум дена и одлучено е денес повторно да биде тестиран пред да се врати во Ливерпул.

Но, ФС Египет потврди дека Салах е сеуште позитивен на коронавирус и ќе остане во изолација. За неколку дена повторно ќе биде тестиран, но јасно е дека ќе го пропушти следниот натпревар на Ливерпул.

„Црвените“ за викендот го пречекуваат Лестер на домашен терен, а Јирген Клоп никогаш не бил во вакви проблеми со повредени, но и заразени играчи.

loading...

Facebook