SportM
Фудбал

Мончи загрижен, но верува во подобри резултати на Рома

Д М20 сеп 2018
Мончи загрижен, но верува во подобри резултати на Рома

Спортскиот директор на Рома, Мончи вели дека е загрижен од лошиот старт во сезоната, но очекува подобри резултати на следните натпревари.

Рома синоќа загуби од Реал во Мадрид со убедливи 3:0, а не и тргна најдобро ниту во Серија А каде има само една победа на четири средби.

– Во тешка ситуација сме но има излез. Со напорна работа ќе го пребродиме овој период. Секогаш се случуваат вакви падови. И мината сезона се мачевме во еден период. Убеден сум дека тренерот ќе ги мотивира играчите и тимот ќе се издигне, изјави Мончи.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.