SportM
Фудбал

Монпелје поради коронавирусот прекинува со работа

Д М18 мар 2020
Монпелје поради коронавирусот прекинува со работа

Францускиот прволигаш Монпелје беше принуден да направи радикален потег со доаѓањето на коронавирусот.

Во повеќето земји, првенствата се стопирани, фудбалерите тренираат исклучиво индивидуално, а со нив тоа има последици за клубовите кои немаат никаква финансиска корист.

Поради ова, во Монпелје, беа принудени да го затворат клубот едно време.

„Од понеделник, клубот ќе биде затворен 15 дена и сите ќе бидат делумно невработени. За жал, не можеме да направиме поинаку. Нема финансиска добивка, нема пари. На крајот на март, сите ќе треба да бидат платени. Ова ќе ни овозможи да поминеме низ кризата и покрај тоа што неможеме да го избегнеме метакот. Има клубови кои се наоѓаат во поголем проблем од нас“, рече претседателот на клубот Лоран Николин.

Тој исто така додаде дека верува дека првенството ќе продолжи, иако на играчите ќе им треба одредено време за да се вратат во ритам.

„Планираме да го продолжиме тренингот на почетокот на април. Ќе бидат потребни најмалку три недели фудбалерите да се опорават физички, но ние ќе се прилагодиме на ситуацијата“, рече првиот човек на Монпелје.

Во Лига 1, овој клуб е рангиран на осмото место.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.