Connect with us

Фудбал

Мора да е важно: Се јави стоматологот за време на конференцијата на Клоп (ВИДЕО)

Необична сцена на прес-конференциите на Јирген Клоп.

 

Екипата на Ливерпул во недела ќе има големо дерби против Арсенал во Лондон, не е лесна задача за Клоп и неговите избраници, но тоа не го спречи германскиот тренер ниту за момент да ги насмее присутните новинари.

Додека му поставувале прашање, пиел вода за да се развесели и очите му застанале на мобилниот телефон, изненаден сфатил дека за време на конференцијата се јавувал – стоматологот и тоа два пати…

„Мора да е нешто важно“, изјави Јирген Клоп и ги насмеа присутните претставници на медиумите.

Натпреварот помеѓу Арсенал и Ливерпул е закажан за в недела од 17:30 часот на Емирати стадионот. Тимот на Јирген Клоп моментално е прв со 51 бод, пет повеќе од Арсенал и Манчестер Сити.

 

Advertisement