Connect with us

Фудбал

Морено и Виљареал мелеат: Уште една петарда од жолта подморница (ВИДЕО)

Фудбалерите на Виљареал го победија Леванте на домашен терен во 19. коло од Ла Лига со убедливи 5-0.

Жолтата подморница продолжува и во новата година со фантастични игри на крилата на големиот Жерар Морено, кој на претходните четири меча седум пати ја тресеше мрежата.

Виљареал втор натпревар по ред постигна пет гола за четврти триумф по ред и поврзување на врвот на табелата.

Дуелот со Леванте беше решен до полувремето кога избраниците на Унаи Емери постигнаа три гола – стрелец беше Диа во осмиот, Пау Торес во 13. и Морено во 37. минута.

Тука не застанаа ниту мештаните. На 4:0 зголеми Ману Тригерос во 74. минута, а уште една петарда создаде фантастичниот Морено со нов гол пет минути подоцна.

Виљареал е осми на табелата со 28 бодови. Тој е на четири бода од четвртопласираниот Атлетико Мадрид кој го пречекува во следното коло на 9 јануари.

Леванте останува заглавен на дното со осум бода пред пресметката со Мајорка на својот стадион на 8 јануари.

Реклама

Facebook

Реклама