Поврзи се со нас

Фудбал

Можеби не планираше, но Куман мораше да го внеси Меси и тоа не од добра причина

Барселона го победи Бетис со 5:2 во 9-то коло од Ла Лига.

Тренерот Роналд Куман се обиде да го одмори Лионел Меси на овој натпревар, но беше принуден да го венси на отворањето на второто полувреме.

Веројатно холандскиот стручњак не сакаше да му даде шанса на Аргентинецот толку рано, но едноставно мораше. Ансу Фати се повреди во првото полувреме и беше неопходна замена.

Младиот фудбалер на Барселона веднаш беше прегледан. Утврдено е дека тој има прекин на менискусот на левото колено и во наредните денови ќе одлучи за понатамошните чекори и потенцијалната операција.

Сигурно е дека младата sвезда на Барса може да паузира. Дефинитивно ќе ги промаши репрезентативните обврски, ќе видиме до кога овој талентиран 18-годишник ќе биде надвор од терените.

Меси постигна два гола во второто полувреме и ја предводеше Барселона до убедлив триумф.

loading...

Facebook