Можеме да победиме било кој-Аморим по поразот од Арсенал, сега е мета за потсмев (ВИДЕО)

Фото: tv21m
Јунајтед беше поразен од Арсенал со тесен резултат благодарение на голот на Рикардо Калафиори во 13-тата минута, додека новите засилувања како Брајан Мбеум и Матеус Куња не ги оправдаа очекувањата на навивачите на „Црвените ѓаволи“ на почетокот од првенството.
Сепак, тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, ги шокираше навивачите по натпреварот давајќи го своето мислење за играта на Јунајтед. Неговите играчи имаа 22 шута наспроти деветте на Арсенал, а интересно е што едно од најгласните засилувања во летото, Виктор Ѓекереш, не успеа да упати ниту еден шут во натпреварот. Сето ова го наведе Аморим да го прогласи Јунајтед за подобар тим пред да додаде дека неговите играчи „можат да победат во секој натпревар“.
💬 "I'm really proud of the players… but it's hard to lose a game like this."
Ruben Amorim's post-match reaction 👇
— Manchester United (@ManUtd) August 17, 2025
-Денес докажуваме дека можеме да победиме во секој натпревар во Премиер лигата, особено против одличен тим како Арсенал“, изјави воодушевено Аморим.
Оваа негова изјава беше мета на потсмев на социјалните мрежи, а претрпе и бројни критики пред се од фановите на Јунајтед.



