Му даде два гола на Њукасл во ЛШ, а против Хетафе на клупа, еве зошто напаѓачот на Барса беше дисциплиниран од тренерот!
Редакција22 сеп 2025

Фудбалерот на Барселона, Маркус Рашфорд, беше изоставен од почетната постава на натпреварот со Хетафе (3:0) во петтото коло од шпанската Ла Лига од дисциплински причини, според „Мундо Депортиво“.
Според извор, се очекувало 27-годишниот Англичанец да започне, но влегол во игра само во второто полувреме поради доцнење на состанок на тимот. Рашфорд на крајот му асистираше на Дани Олмо.
Напаѓачот е позајмен во Барселона од Манчестер јунајтед. Тој има шест настапи за Каталонците, постигнато два гола и една асистенција.
Барселона има 13 бода и е втора на табелата, два бода зад Реал Мадрид. Хетафе е на осмото место со девет бода.
Сподели
Поврзано
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



