Мулер и Толисо како на тренинг: Двојно додавање и гол за 2:0 (ВИДЕО)
Д М15 јан 2022

Фудбалерите на Баерн играат на гости кај Келн во натпреварот од 19. коло на германската Бундес лига.
Баварците одлично го отворија натпреварот и веќе во 11. минута успеаја да дојдат до предност кога Левандовски погоди по асистенција на Милер.
Милер беше во центарот на вниманието 15 минути подоцна кога успеа да ја забележи втората асистенција на натпреварот.
Тој и Толисо одиграа фантастично двојно додавање кое тотално ги збуни дефанзивците на Келн, а потоа Толисо постигна одличен гол за 2:0.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



