SportM
Фудбал

Мундо Депортиво: Барселона го донесе првото засилување!

Д М13 јан 2021
Мундо Депортиво: Барселона го донесе првото засилување!

Раководството на Барселона го комплетира своето прво засилување во јануарскиот преоден рок.

Барем така тврди Мундо Депортиво, а станува збор за дефанзивниот играч на Манчестер Сити, Ерик Гарсија.

Тој одби да го продолжи договорот со Манчестер Сити, сето тоа поради интересите на Барселона и желбата да се врати во овој клуб.

Иако се очекуваше Гарсија да дојде од Манчестер Сити на крајот на сезоната како слободен агент, со оглед на повредите од Барселона, тие решија трансферот да го направат во јануари.

Манчестер Сити ќе заработи пет милиони евра, а Гарсија ќе потпише пет и пол годишен договор со Барселона.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.