SportM
Фудбал

Мундо Депортиво го откри составот на Куман за пресметката против Атлетико Мадрид

Д М21 ное 2020
Мундо Депортиво го откри составот на Куман за пресметката против Атлетико Мадрид

Фудбалерите на Барселона играат вечерва на гости против Атлетико Мадрид во натпреварот од десеттото коло во Ла Лига.

По репрезентативната пауза, каталонскиот клуб сака да ја продолжи сезоната со победа, но јасно е дека ќе имаат многу тешка игра на гости. Фудбалерите на Атлетико ќе бидат дополнително мотивирани затоа што овој клуб не успеа да ја победи Барса во Ла Лига повеќе од десет години.

Двајцата тренери имаат проблеми со составот за вечерашниот натпревар. Роналд Куман е во неволја поради повреди на играчите, а Диего Симеоне поради коронавирус.

Најголем проблем за Куман е недостатокот на Серхио Бускетс кој се повреди на мечот на Шпанија, и ќе биде надвор од теренот неколку недели. Заедно со Де Јога, Бускетс беше играчот со најмногу минути, но Холанѓанецот ќе мора да бара друго решение.

Шпанските медиуми веруваат дека тоа ќе биде БХ. репрезентативецот Миралем Пјаниќ, кој денес конечно треба да игра од првата минута. Мундо Депортиво исто така го објави веројатниот состав на Барселона за вечерашното дерби, а исто така веруваат дека Пјаниќ ќе биде во почетниот состав.

Веројатно составот на Барселона : Тер Штеген, Дест, Пике, Ленглет, Алба, Де Јонг, Пјаниќ, Педри, Меси, Дембеле, Гризман.

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.