Мурињо: Да бидам искрен, не сакам да имам на располагање толку многу играчи

Герет Бејл и Серхио Регилон се нови засилувања на Тотенхем, а во пресрет на нивното пристигнување се огласи и тренерот на лондонскиот тим Жозе Мурињо.
“Да бидам искрен, јас навистина не сакам да имам толку многу играчи на располагање. Тешко е за тренер во таква ситуација”, истакна португалскиот стручњак.
Сепак, Мурињо додаде дека во исто време е голем плус кога можете да одморите неколку играчи во тесен распоред.
„Од друга страна, да се има тим во кој можете да изоставите девет играчи е плус во ситуација со толку густ распоред каков што имаме сега“, истакна Мурињо.
Мурињо додаде дека преодниот рок за Тотенхем сè уште не е завршен.
“Трансфер периодот сè уште не е завршен. Потребен ни е центарфор. Ми се допаѓа Дени Ингс, тој отсекогаш бил проблем за нашиот тим. Но, досега не сме можеле да го доведеме”, заклучи Мурињо.



