„Мурињо им ги испра мозоците на своите играчи“

Поранешниот менаџер на Тотенхем, Тим Шервуд верува дека Жозе Мурињо им ги испра мозоците на играчите на неговиот тим.
Тој тврди дека Жозе ги убедил играчите дека со напорна работа можат да освојат трофеи и дека направил совршени потези во правењето на тимот.
“Пронајде начин да игра добро со играчите што ги имаше на располагање. Купи многу добри во преодниот рок. Серхио Регулон е добар лев бек, но најдобриот трансфер е оној на играчот од средниот ред, Пјер-Емил Хојбјерг. Тој одлично одговара на стилот на Мурињо и штити двајца стопер“, рече Шервуд и додаде:
“Жозе им го испра мозокот на целиот тим и тие сега веруваат дека можат да освојат трофеи со напорна работа. И зошто да не му веруваме на Жозе? Тој освои 20 големи трофеи во својата кариера, откако дојде тие победуваат и сега веруваат дека можат да ја освојат Премиер лигата”.
Тотенхем во моментов е лидер во Премиер лигата по девет кола со 20 бода, исто колку и второпласираниот Ливерпул.



