Connect with us

Фудбал

Мурињо ја донесе конечната одлука по интересот на Њукасл

Њукасл стана најбогатиот клуб во светот, а Жозе Мурињо е еден од многуте тренери поврзани со „страчките“, откако клубот беше купен од саудискиот принц „тешко“ за повеќе од 300 милијарди евра.

Првиот потег на новите сопственици ќе биде да се донесе звучно тренерско име, а Мурињо е една од желбите, неодамна зборуваше Португалецот за Њукасл.

„Единствено што можам да кажам е дека работев многу, многу години со еден од најважните луѓе во историјата на Њукасл, сер Боби Робсон, така што секогаш бев малку емотивно поврзан со тој град и со тој клуб, но ништо повеќе од тоа“, рече Мурињо.

Меѓутоа, во новата изјава, Мурињо го негираше можното приклучување на „страчките“.

“Работа во Њкасл? Решив да останам во Рома. Нема да го напуштам клубот, имаме заеднички проект три години и не сакам да ги напуштам моите играчи”, изјави португалскиот стручњак.

Покрај Моруињо, има голем број тренери кои се уште се поврзуваат со Њукасл, и секако тоа се претежно познати тренери кои имаат одлични резултати зад себе.

Реклама

Facebook

Реклама