Мурињо ја сака ѕвездата на Рома

Жозе Мурињо дебитираше со победа од 2:3 во натпреварот против Вест Хем, додека вети дека до крајот на годината позицијата на Спарси ќе биде далеку повисока.
Но, покрај постигнувањето на што повеќе поени, Мурињо започна да ги убедува играчите кои се во последната година од договорот, како што се Ериксен, Олдервијерелд и Вертонген, да ги обноват договорите во текот на оваа година.
Покрај тоа што ги убеди, Мурињо планира и нови трансфери во лондонскиот клуб и, според британските медиуми, побарал јануарски трансфер на талентираниот играч од средниот ред на Рома, Николо Заниоло, кој игра редовно со „црвените“.
Заниоло може да игра и на офанзивна страна и зад главниот напаѓач, па португалскиот тренер го гледа како идеален играч за неговата формација 4-2-3-1, убедувајќи го претседателот Леви да плати околу 50 милиони евра за неговиот потпис.



