SportM
Фудбал

Мурињо: Кога дојдов во Реал, тие се плашеа од Лион, а тоа никако не ми беше јасно

Д М20 мар 2019
Мурињо: Кога дојдов во Реал, тие се плашеа од Лион, а тоа никако не ми беше јасно

Во 2013 година, Жозе Мурињо на лош начин замина од Реал.

Португалецот пристигна во клубот во 2010 година, кога работите во клубот не изгледаат толку добро, но поранешниот тренер на Реал Мадрид потсети дека тој имал многу важна улога во успехот на овој клуб.

„Мислам дека седум или осум години немаа стигнато до четвртфиналето. Не играа во полуфиналето или четвртфиналето. Во мојата прва сезона имаа страв од Лион и клубот беше исплашен: Никако не можев да сватам како клубот може да се плаши од Лион, што беше добро тим, но тоа беше Лион”, изјави Мурињо, и продолжи:

„Во сезоната 2011/2012 испаднавме во полу-финалето на пенали со, Кака, Серхио Рамос и Кристијано Роналдо, кои беа одлични изведувачи на пенали, но тогаш промашиа.“

„Во тоа време, во Примера, имавме 100 поени и паднавме во полуфиналето на Лигата на шампионите“, заклучи Мурињо.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.