Connect with us

Фудбал

Мурињо: Не сакам повеќе играчи

Фудбалскиот тренер на Рома, Жозе Мурињо изјави дека јануарскиот преоден рок за неговиот клуб е завршен.

Во „Волчицата“ овој месец пристигнаа Мејтланд-Најлс од Арсенал и Серхио Оливеира од Порто. Двајцата дојдоа на позајмица со можност за откуп на крајот од сезоната.

„Позајмувањето на двајца фудбалери подготвени веднаш за настап значи да се има уште две опции за тимот. Со Калфиори, Борч и Виљар ќе ги погледнеме минутите и ќе размислиме колку задоволително одиграа Мејтланд Нилс и Оливеира. Очекувам трето засилување? Не! Мислам дека направивме се што можевме“, изјави Мурињо.

По поразот од Јувентус минатиот викенд, португалскиот стручњак ги критикуваше своите играчи, пред се истакна дека имаат проблем со менталитетот.

 

Реклама

Facebook

Реклама