Поврзи се со нас

Фудбал

Мурињо: „Од сите пет лиги, најтешко е да се освои Премиер лигата“

По осум кола, Тотенхем се наоѓа на одлична втора позиција во Премиер лигата со само два бода помалку од првопласираниот Лестер.

Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо е убеден дека клубот што го води ќе биде шампион во сите други европски лиги од најдобрите пет, но дека Премиер лигата е нешто посебно.

Иако поминаа само осум кола, за претпоставка е дека тимот од северниот дел на Лондон ќе се бори за титулата шампион.

Мурињо даде интересна изјава за тоа.

„Ќе се осмелам да кажам дека Тотенхем би можел да ги освои повеќето европски лиги, но со Премиер лигата е најтешко“, изјави трофејниот стручњак, чиј тим во неделата стигна до три бода на гостувањето против Вест Бромвич Албион.

Мурињо особено ја потенцираше конкуренцијата во лигата, што е навистина одлично.

“Може да имате добра сезона и да освоите многу бодови, но кога ќе се сведе на тоа, знаете дека покрај вас имате екипи како Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челзи, Арсенал и Лестер. Може да имате добра сезона и да завршите без титула …” , тој додаде.

По репрезентативната пауза во ноември, „петлите“ ќе се соочат со Манчестер Сити во своето дерби на нивниот стадион.

loading...

Facebook