Мурињо одбил интересна понуда

Португалецот Жозе Мурињо останува во Рома и веќе нема дилеми.
Евертон е во потрага по нов тренер по Рафаел Бенитез.
Иако островските медиуми го туркаат Вејн Руни во прв план, желбата на Евертон е Жозе Мурињо.
Клубот од Гудисон се распрашуваше за можноста Португалецот од Доал на клупата на „Карамелите“, но Мурињо веднаш одби и изјави дека има долгорочни планови со Рома во иднина.
Волчицата е на шестото место во Серија А и не е исклучено до крајот да се бори за пласман во Лигата на шампионите, а се уште се во осминафиналето на конференциската лига на УЕФА каде го чекаат противникот по натпреварите од шеснаесетфиналето.
Евертон, пак, е во многу тешка ситуација. Резултатската криза расте и од борбата за Европа тимот излезе од борбата за опстанок, па на Гудисон ќе треба што поскоро да најдат стручњак кој може да ги извлече сините на Ливерпул од една од најголемите резултатски кризи во последната деценија.



