Мурињо по поразот: Изгледаше како да отидовме во пресметка без куршуми

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо е уверен дека неговиот тим ги има сите шанси да го совлада РБ Лајпциг во повратниот натпревар од 1/8 финалето на Лигата на шампионите на гостувањето во обид да обезбеди место пласман во следната фаза од ЛШ.
Лајпциг направи значаен чекор за следната ваза од ЛШ на гостувањето во Лондон, благодарение на голот на Тимо Вернер од пенал.
Португалскиот тренер инсистира на тоа дека не е загрижен за исходот, туку поради заморот на играчите како резултат на честите натпревари.
„Изгледаше како да отидовме во пресметка без куршуми. Може да се каже дека имавме среќа во некои моменти, но одличниот голман направи две неверојатни интервенции“, изјави Мурињо по натпреварот.
„Не се грижам за резултатот 1:0 затоа што можеме да одиме таму и да победиме. Она што ме загрижува е фактот дека ќе играме со истите играчи на многу идни натпревари“, додаде тој.
Тотенхем ги немаше одличните напаѓачи, Хари Кејн и Сон, и двајцата страдаа од повреди.



