Мурињо принуден да ја пушти sвездата во Јувентус

Епизодите на Кристијан Ериксен во Тотенхем ќе завршат во текот на зимата, убедени се медиумите во Англија.
Договорот на Ериксен со Спарси важи до крајот на сезоната, а за да заработат што е можно повеќе, челниците на лондонскиот клуб ќе бидат принудени да го продадат во јануари преодниот рок.
Иако Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид главно се поврзуваа со Ериксон, последните информации покажуваат дека Данецот би можел да заврши во Италија, во Јувентус, чии лидери вршат голем притисок.
„Кориере дело Спорт“ тврди дека „Бјанконерите“, во договор со Тотенхем, би платиле одредена сума и би го донеле Ериксен шест месеци порано, а Мурињо свесен дека може да го загуби, не би му стоел на патот.
Според некои извори, Тотенхем би можел да заработи помеѓу 20 и 25 милиони евра на Ериксен, што е дури десет пати помалку од бројот што го бара Даниел Леви порано во сезоната.
Ериксен е член на Тотенхем од 2013 година, претходно играше за Ајакс.



