Мурињо се одмаздува на Ериксен
Д М26 ное 2019

Газдата на Тотенхем не сака да му даде многу простор и важност на данскиот играч од средниот ред
Жозе Мурињо започна одмазда за Кристијан Ериксен, кој одбива да го продолжи договорот со Тотенхем.
Новиот тренер на „Спарсите“ вели дека данскиот играч од средниот ред повеќе нема да ја игра водечката улога во тимот.
Ова се должи на фактот дека данскиот репрезентативец може да го напушти Лондон во јануари.
Ериксен изрази желба да го напушти Тотенхем и тој би можел да се приклучи на Реал Мадрид или Манчестер Јунајтед во јануарскиот преоден рок.
Креативниот играч од средниот ред има договор со европскиот шампион до следното лето, но Тотенхем може да одлучи да го продаде уште оваа зима.
Сподели
Поврзани вести
Коментари (0)
Бидете прв што ќе коментира.



