Елмас ја потврди победата на Наполи, убедливо деби и на Жозе Мурињо

Вечерва фудбалерите на Рома ја победија Фиорентина на домашен терен со 3:1 во првото коло од Серија А.
Жозе Мурињо со победа успеа да дебитира на клупата на римскиот клуб, а вечерва видовме многу возбудувања на Олимпијадата.
Се започна во 17 -та минута кога голманот на гостите Драговски направи голема глупост бидејќи го фаулираше Абрахам на 20 -тина метри од голот, а судијата му покажа директен црвен картон.
Рома ја искористи предноста играч повеќе во 26. минута кога Мхитаријан постигна гол по асистенција на Абрахам.
Но, во 52. минута работите се израмнија на теренот, Заниоло го напушти теренот откако го доби својот втор жолт картон.
Само осум минути подоцна Фиорентина израмни на 1:1, а стрелец беше Миленковиќ. Сепак, Рома возврати во 64. минута кога Абрахам повторно беше асистент, а голот за 2:1 го постигна Веретаут.
Домашниот тим реши се на овој натпревар во 80. минута кога Веретаутт со вториот гол во играта ги постави конечните 3:1.
Наполи и Венеција играа во ист период, а домашниот тим славеше потешко од очекуваното со 2:0. Наполи поведе во 62. минута со голот на Инсиње од пенал, а конечните 2-0 ги постави нашиот репрезентативец Елмас десет минути подоцна.



