SportM
Фудбал

Мурињо веќе се откажа од играчот кој пристигна како голема sвезда: „Нема да го присилам“

Д М15 ное 2020
Мурињо веќе се откажа од играчот кој пристигна како голема sвезда: „Нема да го присилам“

Гадсон Фернандез би можел да го напушти Тотенхем во јануари.

21-годишниот играч за врска привремено пристигна во Тотенхем од Бенфика во јануари. Потоа тој потпиша договор за една и пол година на заем и во претходната сезона одигра 13 натпревари во сите натпреварувања, а оваа сезона Жозе Мурињо сметаше на својот сонародник само еднаш.

Фернандес одигра 63 минути на натпревар од Купот на ЕФЛ против Челзи на 29 септември и тоа беше тоа. Предвременото враќање во Бенфика е можност која Мурињо не може да ја исклучи, иако е задоволен од присуството на играчот од средниот ред.

 
“Ситуацијата за мене не е проблем, туку решение. За нас е добро што тој е тука во комбинации, иако не игра. Никогаш нема да го принудам да си замине или да му кажам дека веќе не го бараат тука, но ја разбирам ситуацијата на ова момче и Бенфика. Тој сака да го заврши договорот за заем порано, ќе соработуваме. Му посакуваме се најдобро, а Бенфика има моќ да одлучи и на крајот ќе се договориме”, рече Мурињо.

Пред неговото преселување во Лондон, Фернандес забележа 59 настапи за првиот тим на Бенфика, откако беше дел од младинската академија скоро една деценија.

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.