SportM
Фудбал

Мурињо во свој стил го одбрани Бејл

Д М29 окт 2020
Мурињо во свој стил го одбрани Бејл

Тотенхем ќе игра против Ројал Антверпен во 2. коло од Лигата на Европа, а Жозе Мурињо ја искористи ситуацијата пред натпреварот.

Имено, тој најави дека Бејл ќе биде стартер во натпреварот, и реши да го пофали добро.

“Секако дека тој ќе игра. Имаме податоци дека влезе во форма. Тој работи одлично и е пример за сите. Играч како него отиде во Барнли и го гледаше натпреварот од клупата. Има одлично однесување и прави се за тимот. Се надеваме дека ќе лета вечерва затоа што работи навистина тешко “, рече Мурињо.

Бејл беше силно критикуван за време на неговиот престој во Реал Мадрид, но Мурињо се залагаше за него.

“Репутацијата е една работа, а фактите се нешто сосема друго. Би сакал да ја имам неговата репутација и четири победи во Лигата на шампионите. Но, имам само две. Тој направи разлика во клубот затоа што кога дојде тие освоија четири титули во Лигата на шампионите во пет сезона “, заклучи Мурињо.

 

Сподели

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.