SportM
Фудбал

Мурињо за неговиот учинок во Реал Мадрид: Барам три месеци, некои бараат 10 години!

Редакција14 сеп 2026
Мурињо за неговиот учинок во Реал Мадрид: Барам три месеци, некои бараат 10 години!

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, побара одреден период за да се види напредок во играта на неговиот тим.

– Барам три месеци, други бараат десет години… Можеби не се изразив баш правилно. Она што го мислам е дека сакам да бидеме подобри за три месеци отколку што сме сега, но немам магична формула што ќе ни овозможи да достигнеме неверојатно ниво за три месеци. На секој натпревар и на секој тренинг, целта е да се подобриме. Колку подолго играчите работат заедно и колку подолго тренерот работи со тимот, толку е поголема шансата да станеме посилни, рече Мурињо на прес-конференцијата пред утрешниот натпревар од Ла Лига против Елче.

Португалскиот фудбалски стручњак се пожали и на густиот распоред.

– Шест прес-конференции неделно – уморен сум од вас, уморен сте од мене, но тоа е наша работа. Во други земји, би ми било дозволено да прескокнам една, или да не дојдам тука денес или утре по натпреварот. Уморен сум од сите вас, уморен сте од мене, но ние сме тука затоа што тоа е наша работа. И фудбалерите се исто така уморни, но ние мора да продолжиме. Елче играше во сабота, исто како нас, рече Мурињо.

По пет коло во Шпанското фудбалско првенство, Реал Мадрид е втор со 12 бода, Лидер е Барселона со максимални 15 бодови. 

Сподели

Поврзано

Коментари (0)

Бидете прв што ќе коментира.